понеделник, ноември 25, 2024
Свет

Папата Франциск повика на молитви за Украина

Католичкиот папа Франциск повика на молитви за Украина за време на денешната миса, која ја одржа на вториот дек од неговата посета на Малта.

„Да се молиме за мир и да се потсетиме на хуманитарната трагедија на маченичката Украина“, рече папата, нарекувајќи ја руската инвазија на Украина „светогрдна војна“.

Папата ја посети и Лабораторијата за мир на Јован XXIII, невладин центар именуван по папата Јован XXIII, кој се подготвува да прими украински бегалци.

Еден ден претходно, папата рече дека размислува за поканата да го посети украинскиот главен град Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко претходно му ја упатија поканата на папата.

 

Радио Слободна Европа