АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Реконструкција на пешачката патека на Булевар Туристичка

Во тек се градежни активности за реконструкција на пешачката патека на булевар „Туристичка“, на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“.

Во рамки на реконструкцијата се врши поставување на нови бехатон плочки и нови рабници во должина од околу 500 метри од десната страна на булеварот. Претходно, на истиот потег беше извршено асфалатирање на велосипедската патека по целата должина.

Активностите се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, а изведувач е фирмата „Кими Ибра“ од Кичево.

 

општина Охрид