Советникот од ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиноски ја образложи одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица за следната намена:
Еднократна помош за лекување:
– Со оперативен зафат надвор од државата доколку оперативниот зафат не е покриен од фондот за здравствено осигурување до 15.000 денари;
– Надвор од државата до 9.000 денари;
– Со оперативен зафат во државата до 5.000 денари;
– Со соодветни испитувања во државата до 3.000 денари.
Еднократна помош на семејства настрадани од елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси) во висина до 30.000 денари.
Еднократна помош за новороденчиња, и за прво и за второ новороденче по 5.000 денари.
Социјални пакети во прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена во вредност до 3.000 денари по семејство, вели Божиновски.