АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

ЕКО ФАП викендов ќе постави свое возило за одложување кабаст отпад

ЕКО ФАП Охрид ве известува дека во деновите 12.03 (сабота) и 13.03 ( недела) 2022 г. ќе постави свое возило на паркингот Горна Порта, Стар дел на градот со цел можност да одложување на кабаст отпад.
Со оглед дека возилото не може да дојде до други локации во Стариот дел ве молиме предметите да ги донесете со свој транспорт до паркингот Горна порта.
Ве молиме и информираме за следното:
– Да се депонира исклучиво кабаст отпад;
– Отпадот да го распоредувате правилно почнувајќи од напред кон назад во товарниот простор;
– Возилото ќе биде поставено на локацијата од сабота 12.03.22 од 9.00 часот и цело време ќе биде достапно за товарање се до недела 13.03.22 до 18.00 часот.
– Граѓаните за оваа усуга немаат никаква друга обврска кон ЕКО ФАП освен самостојно товарање на отпадот.
Со почит,
ЕКО ФАП Охрид