СЕ СООПШТУВА јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 15, УБ 15.7, општина Охрид, плански период 2019-2024 со тех. бр. 060/11/18 од јануари 2022 год. изработен од ДППИ „ТАЈФА ПЛАН“ доо Скопје.
- Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 15, УБ 15.7, општина Охрид е со површина од 25.10 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
-
-
- север – граница на опфатот на ГУП на град Охрид (по катастарски парцели)
- исток – магистрална улица со профил М4 – ул „15ти Корпус“,
- југ – сервисна улица со профил СЕ 15.3 и
- запад – собирна улица со профил С7 ул.„Петрино“.
-
- Јавната анкета ќе трае од 11.03.2022 – 25.03.2022 год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 18.03.2022 год. со почеток во 12.00 часот со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.
општина Охрид