недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборПоследни Вести

In memoriam: Почина Димче Арсеноски-Чајче

Во 79та година од животот почина Димче Арсеноски Чајче.

Долгогодишен туристички работник на Охридско-струшката ривиера. Подолг период беше директор на “Евро хотел” Струга, а потоа и во својата туристичка агенција “Чајче турс”.

Речиси целиот свој живот го посвети на придонес на туризмот и хотелиерството во Охрид и Струга, поседниот период од својот живот многупати беше активен на социјалните мрежи, постирајќи живописни пејсажни фотографии од Охрид.

Посмртните останки ќе бидат изложени денеска од 13-13,30 часот на Градските гробишта Охрид а погребот ќе биде во 14 часот.