СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54 годишен жител од Ново Село, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 21.01.2022 година, по објавен текст на еден електронски портал, постирал коментар со недолична содржина со што, промовирал насилство кон едно лице.