понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Седум кандидати во трка за претседател на СДСМ Охрид, објавува Охрид Вест

Во предвидениот рок за кандидирање на претседател на СДСМ Охрид , доставени се 7 кандидатури и еден предлог .

  1. Науме Јованоски Чакар – Актуелен претседател на Сдсм Охрид и советник во Општина Охрид .
  2. Живка Ангелоска – Советник и кординатор на советничка група Сдсм.
  3. Ристе Недески – Директор КПУ Затвор Охрид.
  4. Кристина Крлеска Деспотоска – поранешна директорка на ЈП Градски Пазар.
  5. Гордана Јованоска – поранешна директорка на ЈП Билјанини извори
  6. Владимир Алексијоски – директор на ЈП„Колекторски Систем“
  7. Марјан Трајансоски ( активист на сдсм)

Дознаваме дека предлогот е од Томислав Тунтев директорот на АЦВ и предложен е Ѓоко Алче брат од поранешниот директор на Комуналец Сашо Алче .

Оваа недела сите кандидати се повикани на интервју Скопје и во текот на следната недела ке се дознае кој ке го води СДСМ Охрид следните четири години.

ОхридВест дознава дека за претседателското столче на Сдсм Охрид прашани биле и ” ОХРИД ПРЕД СЕ “, генералниот секретар имал и средба со претставници на “ОХРИД ПРЕД СЕ” каде се очекувало обединување и нивно враќање во партијата .

” ОХРИД ПРЕД СЕ ” на локалните избори освои 1979 гласа а разликата помеѓу Вмро и Сдсм беше 1962 гласа , што значи ” Охрид пред се ” ке има значителна улога во решавањето на претседателот Охрид .

Исто така дознаваме дека една од кандидатките за претседател секојдневно се јавувала и агитирала за себе , на претседателите на месните за да ја предложет за претседател им нудела вработувања и др. но сепак тие го предлагале актуелниот претседател Науме.

Значајна улога во изборот за претседател ке има и поранешниот претседател Лазе Танески и поранешниот градоначалник Константин Георгиески кој свој фаворити им се Ристе Недески односно Живка Ангелоска, пренесува порталот Охрид Вест.