На 19-ти февруари 2022 година, во 17:00 часот во СВР Охрид приведен е 24-годишно лице од Охрид.
Тој, претходно на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, упатил навредливи зборови и физички се спротивставил кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.