АктуелноМакедонија

Ново поскапување на нафтените деривати – Дизелот за прв пат поскап од бензините

Нафтените деривати од ноќеска на полноќ поскапуваат. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денари/литар. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава како и денеска за 93,00 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар. Дизел горивото се зголемува за 3 денари и новата цена е 97,00 (денари/литар) што значи дека дизелот за прв пат има повисока малопродажна цена од бензините.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари/литар… На Мазутот за 1,404 денар/килограм и сега ќе изнесува 60,569 ден/кг.

Одлуката, објаснија од Регулаторна се должи на тоа што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи и во исто време курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,49%. Во споредба со претходната пресметка се бележи зголемување кај следните кај дизелот за 3,616%, кај екстра лесното масло за 2,984% и кај мазутот зголемување за 2,265%. Просечното зголемување на цената, споредено со вчерашната одлука е во просек за 1,67 %.