Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги мобилизира сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Екипите интензивно работат во расчистување на приодот кон Стариот дел на Охрид. Со песок се посипуваат и улиците и сокачињата низ Варош и Месокастро.
Покрај во стариот дел, снегот се расчистува од јавните пешачки површини во Чаршијата, стариот дел на градот,Булевар Туристичка,па се до Велестово, со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.