Предлог одлуката да го разрешиме и да го именуваме истиот член на училишниот одбор од ОУ Братство Единство е неприфатлива истакна на денешната седница на совет советникот Арбен Демироски Бено.
Демироски објасна дека побарал и добив информации од Јавен карактер за составот на Училишниот одбор и Советот на родители од ОУ Братство Единство и според тоа што го добил во одговорот, таму нема ниту еден Египќанец, а во ова училиште учат над 250 деца Египќани, вели Демироски.
Тој додаде дека во ова училиште нема ниту еден вработен Египќанец. Ниту во администрацијата, ниту во наставниот кадар, ниту како учител ниту како наставник.
„Ако некој мисли дека немаме кадар па зато немат, еве јавно ви кажувам дека кадар има , можеби немаме кадри од природните науки но имаме кадар за во Администрација и за учители и наставници.
Јас не барам Директор во ова училиште, барам член на училишниот одбор односно основач бидејки основачот го именуват советот нa општина Охрид .
А другите 6 членови кои ги одбрале се
3 ца наставници од кои 1 од Македонска 1 од Турска и 1 од Албанска националност и 3 ца членови се од советот на родители и тоа 1 македонец , 1 албанец и 1 турчин.
Исто така сакам да ви појаснам дека овој член што го бараме не добива хонорар што значи дека не е платен.
Овој член во училишниот одбор го барам само затоа што е неопходно нашата заедница да биде дел од одлучувањето и донесувањето одлуки каде што учат нашите деца“, истакна советникот Демироски.
Според
Демироски потенцираше дека оваа предлог одлука, доколку се изгласа , само ќе продолжи дискриминацијата со која се соочуваме од самиот почеток на првиот училишен час.
„Зошто не барам член на училишниот одбор во Христо Узунов или Григор Прличев или Кочо Рацин?
– Не бараме таму бидејќи многу малку деца декларирни Египкани учат во овие училишта.
Нашите деца во сите основни училишта се 350 деца кои се школоваат на Македонски јазик , сте се прашале само колку Македонци се вработени учителки,наставници за овие деца . Зарем не заслужуваме член на училишниот одбор .
Вакви скандалозни одлуки носеше и минатата власт , каде дел бевме и ние, а за оваа точка и тогаш гласавме против. Минатата власт цело време беше уценувана за мнозинството, затоа носеше вакви скандалозни одлуки и затоа скандалозно заврши со – 4000.
Не гледам дека новата власт е уценувана за мнозинство, и не можам да ги разберам мотивите да го сторите истото, но времето ќе покаже.
Да напоменам дека јас лично сум благодарен од досегашната соработка и префатените барања на Египќаните , меѓутоа за овој предлог разбрав
од како го разгледав дневниот ред за денешната седница .
За крај ве замолувам да размислите уште еднашка во однос на оваа точка и во однос на мојот предлог кој нема да наштети никому“, истакна Демироски.
Предлогот на Демироски не помина пред градските избраници. Против предлогот од Демироски гласаа Левица, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ. Предлогот пак беше поддржан од советниците од СДСМ, НСДП, ВМРО НП и Независниот советник од „Охрид има план Б“ , Антонио Наумоски Тоци.