АктуелноОхрид

Велјаноски: Оставката ја поднесов од лични причини – „Охрид пред сѐ“ и натаму ќе биде дел од мнозинството во Советот

Оставката од функцијата советник во охридскиот совет ја поднесов од лични причини, изјави за Супер радио и OhridPress Димитар Велјаноски од граѓанската иницијатива „Охрид пред сѐ“, по повлекувањето од функцијата.

Тој додаде дека „Охрид пред сѐ“ и натаму ќе биде дел од мнозинството во Советот и дека остануваат на програмските определби за кои се залагале.

– Остануваме на програмските определби, на концептот што го имаше Граѓанската иницијатива, на се’ она што го заговаравме во предизборието. „Охрид пред сѐ“ ќе делува исто како и досега и останува дел од владеачкото мнозинство, рече Велјаноски.

Велјаноски изјави дека на неговото место во советничкото столче ќе седне Леона Кичеец.

извор: Супер радио и OhridPress