недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец, остава траен белег за српскиот народ и за христијанските народи на Балканот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитики до припадниците на српската заедница по повод 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.
Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец, остава траен белег за српскиот народ и за христијанските народи на Балканот, се вели во честитката од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Во истата од партијата додаваат:

Охрид секогаш ги негувал културата и традицијата на српската заедница во Република Македонија.
Заедно учиме еден за друг и живееме еден со друг, наша одлика е меѓусебното почитување.
Само така заедно има да успееме во промените и подобрата иднина за сите.
Посакуваме здравје, мир, радост и благосостојба.
Нека е честит празникот!