СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61 годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
На 14.12.2021 во Охрид, од страна на комунален инспектор од општина Охрид, при извршен инспекциски надзор, констатирана била узурпацијата на имот и донесено Решение за отстранување на градбата во рок од два дена. Имено, пријавениот завзел имот во државна сопственост, а доделен на користење на ЈУ Национален парк Галичица, во КО Љубаништа, со вкупна површина од 688 метри квадратни, при што го оградил со бетонски темел за изградба на дворна ограда, оневозможувајќи непречено користење на наведениот имот од неговиот вистински корисник, се наведува во полицискиот билтен.