недела, ноември 24, 2024
АктуелноМагазинНаш изборОхрид

(ФОТО) Наместо по Охридските улици да бара храна – Бен стигна кај своите вдомувачи во Англија

Бен стигна кај своите вдомувачи во Англија. Чекаше ли чекаше, и дочека да биде вдомен. Жално за нас говори тоа што на едно вакво лепотанче од куче не можевме да му најдеме вдомувач тука во земјава (а и да му најдевме шансите да ти го вратеа за скоро или да го најдеш исфрлен се огромни), говори колку себеживни сме станале, колку неемпатични и груби, при едно чудо дворови кои зјаат празни без милениче (не сум залагач на тој претеризам дека куче не смее во двор да бива чувано, но сум да биде совесно и грижливо чувано). И говори за мизерноста на нашите институции, напиша на својот ФБ профил Климент Арнаудов, активист од Охрид.

Во објавата Арнаудов додва:

А малку фалеше да го отрујат, но ете живот ќе си тера најмногу благодарение на пожртвуваноста на И.В., на С.С., на М.К. и на А.А, без кои ова немаше реалност да бидне. Живеј ми душе, живеј ми, ќе недостигаш (и на Боби и на Макс и на Душка и на Белка) но имаме ние еден куп други душлиња на кои помош наша им треба, притоа не заборавајќи и на луѓето да им помогнеме онаму каде што треба, оти таква е душевната подлога на оној што рака подава – не гледа дали раката на животинче или на човек ќе ја подаде, како што убеден сум дека оној што на животинче не му помага не ќе му помогне ни на човек (посекако ако за тоа нема некој интерес или некоја популистичка побуда). Живеј ми, среќо…
едит: Не, немаме магично стапче, немојте да паразитирате на нашите заложби и хуманост та да нѐ барате сегде да нѐ има, она што го чиниме ние може и треба и вие да го учините.