Масовна поддршка за градоначалникот Кирил Пецаков и сомнеж во подмолна игра на политичкото подземје го поплавија Фејсбук во текот на ноќта и утрово од како јавноста во Охрид остана запрепастена од кривичната пријава која против градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески ја поднесе СВР Охрид затоа што не носеле маски на Водици и не се самоизолирале.
ДОБРО ОРГАНИЗИРАНА МЕДИУМСКА ХАЈКА – СО ЧАСОВИ ВЕСТИ ЗА ПЕЦАКОВ, ДОДЕКА НИКОЈ НЕ СПОМНУВА ЗОШТО НЕ СЕ ГОНАТ И МИНИСТРИТЕ ОД ДУИ ?
Веста за позитивниоит тест на Пецаков најпрво ја објави медиум близок до властите кој е познат по тоа што во изборите 2020 објави серијал бомби во кои беше снимен првиот човек на ВМРО ДПМНЕ. Потоа низ повеќе скопски портали и телевизии започна објавување цели прилози, анализи и ретроспективи што се случувало во текот на целито ден на Водици, анализирајќи го целото движење на Пецаков, за на крај да резултира со кривичната пријава која исто така доби огромен публицитет, но скоро никој не анализира каква е праксата до сега и зошто никој не понесе пријава за цели митинзи на затворено на кои политичарите од власта и опозицијата беа без маски, ниту да ги праша институциите зошто нема кривична пријава за министрите од ДУИ кои во екот на пандемијата сами се сликаа без маски во кабинетот на Артан Груби.
СЕЛЕКТИВНИ ИНСТИТУЦИИ
Дека во Македонија институциите на државата никогаш не биле во служба на граѓаните и правдата знаат сите и случајот со кривичната пријава против Кирил Пецаков е само уште едно потсетување на таа горка вистина и потсетување до граѓаните на фактот дека нема професионални институции туку тие се во служба на политиката и игрите кои се играат во тој свет.
КАКВА Е КРАЈНАТА ЦЕЛ ?
Каква е крајната цел на овој процес и што може тоа да предизвика ? Од утрово во општинските канцеларии и политичките кулоари во Охрид веќе се прават анализи на законите и можниот исход во кои се анализираат последиците по рејтингот на Пецаков ( кој очигледно порасна со оваа кривична пријава ) па до тоа што предвидува законот во случај на пресуда.
Како и да е граѓаните ги чека период во кој ќе се реализира обид да се згази на нивната јасно изразена изборна волја.