Нејасна е потребата и желбата за прибирање на ситни политички поени на Локалниот огранок на партијата Левица во Охрид. Изнесување на ставови преку соопштенија во случај кога нивни членови се дел од речиси сите органи на Локалната власт, Советот на Општина Охрид, Надзорни и Управни одбори во Јавните претпријатија, во најмала рака е несериозно. Доколку Локалниот огранок на партијата Левица, има некаква идеа, концепт и замисла може слободно преку нивните членови во институциите и органите на Локалната власт, да го дадат на разгледување нивниот предлог. Во секој друг случај, предложување на идеи вон институционално ќе биде сфатено како несериозен пристап, се вели во реакцијата од Општина Охрид на сооптението од Левица огранок Охрид.
Во реакцијата од Општината додаваат:
Охрид е туристички град. Голем дел од граѓаните основен извор на приход им е токму туризмот. Голем број бизниси зависат од бројот на туристи во градот. Од тука, несериозен е пристапот на било која Локална власт да не придонесе да им се помогне на своите граѓани.
Затоа, ние како одговорна Локална самоуправа, одлучивме Охрид за Новогодишните празници да биде украсен во согласност со нашите можности. Доколку се спореди буџетот одвоен за украсување на градот со другите општини ќе се увиди дека е многукратно помал.
Општина Охрид и Јавните претпријатија, во делокругот на дејноста која обавуваат немаат стопанисување на предмети за украсување и украсување на градот, па затоа се ангажира фирма чија дејност е украсување.
Ги повикуваме членовите на Локалниот огранок на Левица, доколку имаат некој предлог и идеа за преку Советот на Општина Охрид или преку органите на Локалната власт да ја достават да биде разгледана и доколку е издржана да биде применета.