АктуелноОхрид

(ФОТО) Продолжува акцијата за расчистување на снегот – поголем дел од критичните точки се исчистени и фрлено е ризла и песок

Продолжува акцијата за расчистување на снежните наноси.
🚜 Вечерва повторно се чистат критичните точки низ градот. Во акцијата се вклучија и јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Билјанини извори“ со сопствена механизација и луѓе.
✔ Според последните информации поголем дел од критичните точки се исчистени и фрлено е ризла и песок.
✔ Во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се веќе расчистени.
👉 Во зависност од потребите вечерва и во текот на утрешнит ден ќе бидат ангажирани и другите јавни прептријатија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.