И екипи на ЈП Нискоградба во текот на целиот ден активно помагаат во расчистување на снегот од јавните површини, пешачките патеки и тротоарите.
Во текот на денот работеле четири екипи со механизација , а една од нив ќе остане активна и во текот на целата ноќ.
Претходно градоначалникот Кирил Пецаков информираше дека мобилизирани се сите оперативни служби со цел полесно и побрзо справување со снежните врнежи. Пецаков потенцираше дека покрај сообраќајниците, снегот се расчистува и од јавните пешачки површини со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.
„Се расчистува снегот од тротоарите вдолж „Булевар Туристичка”, централното градско подрачје и Стар Град. Ги потсетуваме граѓаните и правните субјекти за законската обврска која ја имаат согласно Законот за јавна чистота да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив“, истакна градоначалникот Пецаков.