недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Ковачевски: Продолжуваме со изградба на автопатот Кичево-Охрид

Поврзувањето исток-запад, со Албанија и Бугарија претставува стратегиска обврска и фокус на владата до 2024 година, истакна претседателот на СДСМ и мандатар на новата влада, Димитар Ковачевски во експозето во Собранието на Република Македонија.

Тој посочи дека продолжува изградбата на автопатот Кичево-Охрид и Скопје-Блаце и дека е во план отпочнување на целосна надградба на автопатот Тетово-Гостивар, како и уште четири автопатски делници.

– Планирана е тековна реконструкција и изградба на локални патишта во должина од преку 1000 километри во 36 општини, нагласи Ковачевски.