недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Охрид има нов жител – првото новороденче е машко

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.

-Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек.
Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал“, веели градоначалникот Кирил Пецаков.

Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.