АктуелноОхрид

Млади физичари од ООУ „Христо Узунов“ со бројни награди на XLVIII Школа „Млади физичари“

Учениците од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид остварија одлични резултати на XLVIII Школа „Млади физичари“, која се одржа на 20 ноември 2026 година во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија.

На манифестацијата учествуваа ученици од седмо, осмо и деветто одделение, кои преку експерименти, модели, демонстрации и истражувачки проекти ги презентираа своите знаења и креативност пред стручна комисија.

Охридските основци се вратија со повеќе награди во различни категории, потврдувајќи ја својата посветеност кон науката и истражувањето.

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

 

  • Дора Јанкоска
  • Наталија Андреска

 

  • Евгенија Китаноска
  • Леона Тодороска
  • Наташа Петреска

 

  • Анамарија Аврамоска
  • Климентина Костоска
  • Мила Стојческа
  • Теодор Јованоски
  • Дамјан Наумовски

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

 

  • Анастасија Недеска
  • Бојан Ристовски
  • Јована Стојкоска
  • Јана Пантоска

 

  • Ивана Георгиоска
  • Марија Павлоска
  • Марко Стефаноски
  • Филип Тасески
  • Лина Вајдевски
  • Јоана Митреска

ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

 

  • Мартин Серафимоски
  • Стефан Трајчески
  • Михаил Станковски
  • Михаил Радически

Значаен придонес во подготовката на младите физичари има наставничката по физика Вера Зороска, под чие менторство учениците ги подготвуваа и успешно ги презентираа своите проекти.

Од училиштето упатуваат благодарност и до родителите за поддршката и охрабрувањето, како и до сите кои придонесуваат за развојот на ученичките таленти и интересот за науката.

Успехот на младите охридски физичари е уште една потврда дека со знаење, истражувачки дух и посветена работа се создаваат нови генерации млади научни таленти.