На 20.11.2026 во 20:20 часот на магистрален пат Нова Пожарна во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода лице на (22) од с.Песочани, охридско и лице на (37) од Охрид.
При сообраќајна контрола на патот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, кое едното лице го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото, иако имал изречено активна забрана за управување на возило, додека при извршен преглед над нив, кај лицето сопатник во возилото, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.


















