АктуелноОхрид

(ВИДЕО) ПРОТЕСТ ВО ОХРИД: ГРАЃАНИТЕ ГО КРЕВААТ ГЛАСОТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

Денеска, со почеток во 12 часот, во Охрид се одржува граѓански протест против семејното насилство и насилството врз жените.

Граѓаните го изразуваат својот револт поради случаите на насилство кои ја потресоа македонската јавност и бараат поголема заштита на жртвите, навремено постапување на институциите и строги санкции за сторителите.

 

Протестот се одржува во атмосфера на зголемена загриженост за безбедноста на жените, особено по последните случаи на физичко насилство кои предизвикаа бурни реакции во јавноста.

Пораката е јасна: Ниту една жена не смее да биде оставена без заштита, а насилството не смее да остане неказнето!