СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ЛИ ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА? ЗОШТО СЕ МОЛЧИ?
Советниците од СДСМ и коалицијата на седница на Советот на Општина Охрид поставија конкретни прашања за зголемувањето на платите на директорите на јавните претпријатија. До денес – одговор нема.
Бидејќи очигледно и едноставните прашања стануваат сложени за оваа локална власт, повторно побаравме одговори – овојпат и писмено.
Прашањето е едноставно:
КОЈ, КОГА И ВРЗ ОСНОВА НА КОЈА ОДЛУКА ИМ ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА?
Станува збор за јавни пари и право на граѓаните да знаат.
Ако сè е законски и транспарентно – зошто толку долго се чека на одговор?


















