АктуелноОхрид

Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

Денеска и утре во Марибор, Словенија се одржува Меѓународната конференција COBISS 2026.
Во македонската делегација предводена од директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ Јовица Никчевски е и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“
Христина Трпеска.
Учесниците активно ќе ги следат неколкуте теми сврзани со новите предизвици и развојот и
идната примена во библиотеките на COBISS.
Првата тема беше „Електронските материјали – важна алка во синџирот на знаењето“ а ќе
следат: „Новини во софтверот на COBISS“, „Библиотеките во времето на ВИ и поддршка на
науката“ и „Поглед кон иднината“ . Конференцијата на која присуствуваат претставници на
библиотеки од земјите од поранешна Југославија има и предавачи и учесници надвор од
регионот.
Конференцијата се одвива во хибриден формат (со физичко присуство и онлајн). Учеството е
бесплатно, без разлика дали присуствувате лично или од далечина (преку ZООМ), a
регистрацијата е задолжителна.
НУ Библиотека