Охрид

Известување за забрана на водата за пиење во и околу мерно место ОУ Христо Узунов

ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува жителите  во и околу мерно место ОУ„Христо
Узунов“ Охрид дека поради изведување на градежни работи од страна на
надворешни приватни изведувачи зголемена е матноста на водата за пиење
во и околу ОУ„Христо Узунов“ и истата се забранува за пиење.
Забраната ќе важи до добивање на  резултатите од повторената анализа на
водата за пиење во и околу ОУ „Христо Узунов“ направена од страна на ЈЗУ
ЦЈЗ Охрид, со која ќе се потврди дека водата е исправна за пиење.