АктуелноОхрид

Во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Кнежино промоција на книгата „Кичевско архиерејско намесништво (1914–2026)“

На 15 ноември 2026 година, во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Кнежино, ќе се одржи промоција на книгата „Кичевско архиерејско намесништво (1914–2026)“, чиј автор е отец Ристе Наумоски.

Настанот ќе започне во 17 часот со Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

По завршувањето на богослужбата, во манастирската сала ќе се одржи промоцијата на книгата, а промотор ќе биде д-р Никола Митровиќ.

Од Кичевското архиерејско намесништво, заедно со игуманијата на манастирот, упатуваат покана до верниците, љубителите на црковната историја и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да бидат дел од промоцијата на ова историско дело, посветено на црковното минато и духовното наследство на Кичевскиот крај.

Настанот претставува можност за запознавање со историскиот развој на Кичевското архиерејско намесништво низ периодот од 1914 до 2026 година.