Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ од раните утрински часови повторно се на терен, расчистувајќи кабаст отпад оставен на јавните површини во централното градско подрачје.

Со три трактори се собирал отпадот од повеќе локации, меѓу кои улицата „Димитар Влахов“ и охридскиот кеј.

Според информациите, само во централното градско подрачје утрово се собрани околу 15 кубни метри кабаст отпад.

И покрај редовните активности на комуналните служби, непрописното оставање стар мебел и друг кабаст отпад покрај контејнерите и на јавните површини и понатаму претставува проблем во Охрид.




















