Претседателката на Унијата на жени при ОК Охрид, Катерина Стојаноска, јавно реагираше на изјавите на Петар Богојески, оценувајќи дека тие ја потценуваат жената, го нарушуваат нејзиното достоинство и испраќаат пораки со кои се доведува во прашање нејзината улога во општеството.
Во својата реакција, Стојаноска нагласува дека жените не треба да бидат предмет на надзор или контрола, туку да имаат еднакви можности, почит и право самостојно да одлучуваат за сопствениот живот.
„Жената не е ничија сопственост, туку рамноправен член на општеството, со право на сопствен избор, глас и слобода“, истакнува Стојаноска.
Таа потенцира дека достоинството, правата и слободата на секоја жена мора да бидат почитувани и дека ставовите кои, според неа, ги ограничуваат овие права треба јасно да бидат отфрлени.
Со својата реакција, Стојаноска испраќа порака за почитување на женските права, еднаквоста и слободата на личен избор.

















