АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

На 7 ноември Охрид ја добива првата куглана – „Тино“ отвора нов угостителски објект со паб, куглана и апартмани

Познатиот охридски угостителски бренд „Тино“ ја проширува својата понуда со нов и атрактивен објект – Tino’s Bowling, кој официјално ќе биде отворен на 7 ноември 2026 година, со почеток во 21:00 часот.

Охрид добива ново место за забава, дружење и рекреација, кое ќе донесе сосема ново искуство за охриѓани и за гостите на градот. Во рамките на новиот комплекс ќе функционираат модерна куглана, паб и апартмани за сместување.

Вратите се отвораат во 15:00, свеченото отворање е во 21:00 часот

Иако официјалното отворање е закажано за 21:00 часот, вратите на Tino’s Bowling ќе бидат отворени уште од 15:00 часот. Сите заинтересирани ќе можат да го посетат објектот, да ја разгледаат новата понуда и за првпат да го искусат задоволството од куглањето во Охрид.

Со овој проект, брендот „Тино“ продолжува да инвестира во развојот на угостителството и туристичката понуда на Охрид, внесувајќи нови содржини привлечни за младите, семејствата, друштвата и туристите.

Куглана, паб и апартмани на едно место

Комбинацијата од куглана и паб создава услови за дневни и вечерни дружења, забава со пријателите и организирање различни прослави, додека апартманското сместување дополнително ја збогатува понудата на комплексот.

Tino’s Bowling има амбиција да стане едно од омилените места за забава во Охрид, нудејќи нова димензија на угостителското искуство во градот.

Промотивен постер за отворањето на Tino's Bowling во Охрид на 7 ноември 2026 година.
Најава за отворањето на Tino’s Bowling

7 ноември – ден за ново искуство во Охрид

  • Отворено за посетители: од 15:00 часот.
  • Официјално отворање: во 21:00 часот.
  • Понуда: паб, куглана и апартмани.

Повеќе информации на официјалната Facebook-страница на Tino’s Bowling.

ПР-текст