АктуелноОхрид

Бесплатна здравствена акција во Охрид: Граѓаните ќе можат да го проверат ризикот од мозочен удар

По повод Светскиот ден на мозочниот удар, охридската болница „Св. Еразмо“ организира бесплатни здравствени прегледи и стручни консултации, со цел да ја поттикне јавната свест за значењето на превенцијата и навременото откривање на ризиците.

Акцијата ќе се реализира во петок, 30 октомври, од 10 до 13 часот, на Одделот за неврологија при Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

Заинтересираните граѓани ќе имаат можност да добијат бесплатен преглед, проценка на факторите што го зголемуваат ризикот од мозочен удар, како и индивидуални совети од специјалистите.

Од болницата посочуваат дека активноста е наменета за сите граѓани кои сакаат да се информираат за заштитата на здравјето на мозокот, а особено за лицата кои веќе претрпеле мозочен удар, како и за нивните семејства и блиски.

Мозочниот удар е сериозна здравствена состојба кај која брзото препознавање на симптомите и навремената медицинска помош се од особена важност. Редовните здравствени контроли и контролата на ризик-факторите се значаен дел од превенцијата.

Со оваа иницијатива, „Св. Еразмо“ испраќа порака за важноста на грижата за сопственото здравје и охрабрува граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни прегледи и консултации.

Термин: петок, 30 октомври 2026 година, од 10:00 до 13:00 часот
Локација: Оддел за неврологија, Специјализирана болница „Св. Еразмо“ – Охрид.