АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со заменик градоначалникот на општината Сент Џорџ од Сиднеј

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Оливер Димоски, кој ја извршува функцијата заменик-градоначалник на општината Сент Џорџ (Georges River Council) во Сиднеј, Австралија.

Димоски е советник во Советот на општината, каде што го претставува регионот Блејкхерст.

На средбата беа разменети мислења за можностите за воспоставување и унапредување на соработката, како и за значајната улога на македонската дијаспора во зачувувањето на врските со родниот крај и промоцијата на Охрид на меѓународно ниво.

Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за поврзување на локалните заедници и отворање нови можности за соработка, со цел зајакнување на односите меѓу Охрид и македонските иселеници во Австралија.