Сообраќајна несреќа се случи на крстосницата на улицата „Даме Груев“ со булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Во несреќата учествувале патничко моторно возило и велосипед. Според првичните неофицијални информации, причинета е материјална штета, додека засега нема информации дали има повредени лица.

Причините и околностите под кои се случила несреќата засега не се познати.
Повеќе детали се очекуваат по официјалното соопштение од надлежните институции.


















