Uncategorized

Охрид го чествува 11. Октомври – Денот на народното востание

‎По повод 11. Октомври – Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид, предводена од претседателот на Советот, Перчо Божиновски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето од НОБ во Градскиот парк.
‎
‎Делегацијата се поклони и пред спомен-обележјата на борците во дворот на Основниот суд, во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, како и кај Градските гробишта.
‎
‎Свежо цвеќе положија и пратеници во Собранието на Република Македонија, претставници на Сојузот на борците, политички партии и претставници на институции.