Во срцето на поетска Струга, во конгресната сала на хотел „Дрим“, денеска се одржа 12-тото издание на престижната манифестација „Струшки книжевни средби 2026“.
Традицијата што ја започна истакнатиот поет и основач на Здружението за литература и култура „Бран 2010“ – Петко Шипинкаровски, продолжува да живее со полн сјај, следејќи го неговиот свечен аманет за негување, вреднување и чување на пишаниот збор.
Годинава, Струга повторно беше мост на културите – настапија 12 странски автори од Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Косово, како и истакнати македонски и албански поети од земјата и регионот.
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ЈУБИЛЕЈНИТЕ ПРИЗНАНИЈА „ПЕТКОВИОТ АМАНЕТ“:
Награда за животно дело (култура, литература и новинарство): Веле Митаноски
Награда за животно дело (драматургија): Ристе Миладин
Странски автор на годината (за особен придонес во културата): Валерио Орлиќ (Хрватска)
Автор на годината на „Македонска поетска ризница“: Ана Бунтеска
Млади автори на годината на „Македонска поетска ризница“: Магдалена Петровска и Евгенија Пешинска
ПРОМОЦИЈА НА 21. БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „БРАНУВАЊА“
Во рамки на средбите беше промовиран најновиот, 21. број на списанието за литература и култура „Бранувања“. На над 210 страници, ова издание обединува повеќе од 60 автори низ рубриките:
„Македонска поетска ризница“
„Македонска поетска ризница – најчитани песни“
„Првите цутови“
„Време минато, време сегашно“
„Отворени страници“
Од поезијата и прозата, па сѐ до научната мисла и критиката – заветот на Петко Шипинкаровски останува наш светилник: да го чуваме живиот збор и да докажеме дека Струга е и секогаш ќе биде топол дом за книжевноста!
Искрена благодарност до сите учесници, гости, автори и добитници што со своето присуство испишаа уште една незаборавна поетска страница.















