АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана при претрес во возило на 43-годишен охриѓанец

На 18.09.2026 во 17:55 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода го лишија  лице на (43) од Охрид.

 

При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана.

 

По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.