Господо од СДС Охрид,
Тоталната неписменост ви излезе на виделина, ви порачуваме да за целосната
реконструкција на Гимназијата, а не политичка реконструкција на вистината.
Разбираме дека ви пречи тоа што градиме, реконструираме и инвестираме во
образованието и создаваме подобри услови за работа за учениците и наставниците.
Колку и да се трудите со драматични фотографии, црни наслови и политички
памфлети, фактите остануваат факти.
Учебната година започна навреме во сите училишта во Охрид. Ниту едно дете не е
оставено без настава, ниту еден ученик не е загрозен, ниту пак некој бега од
одговорност. Напротив, вложувањата во образованието се најголеми во последните
години и тоа е видливо во секое училиште во Охрид. Тоа е реалноста што не можете да
ја избришете со фотомонтажи и политички конструкции.
Тоа што денес го претставувате како сензационална вест е всушност доказ дека
институциите работат одговорно.
Најинтересно е што токму вие кои денес зборувате за одговорност, со години не
оставивте ниту еден значаен капитален проект во образованието.
Вие, кои во ваше време ја разнебитивте Гимназијата и не мрднавте со прст, сега се
дрзнавте да коментирате за целосната реконструкција на училиштето.
Кажете што сте сработиле и направиле за Гимназијата?
Целосна амнезија имате во каква состојба беше поткровјето во ваше време.
Додека бевте на власт училниците ви прокиснуваа и ви се уриваше дел од таванот.
Излажавте за реконструкција на подовите и кратевте средства за санација на покривот.
Вие додека бевте власт скративте 155.000 денари за санација на покривот во
Гимназијата сега се дрзнувате да коментирате за поткровјето.
Реконструкцијата на ООУ „Григор Прличев“ е реален проект што се спроведува на
терен, секојдневно се работи и училиштето ќе добие подобри услови какви што
заслужуваат учениците и наставниот кадар. Родителите ја знаат вистината, а вистината
е дека денес се инвестира во училиштето.
Какви градежни активности имавте за цели 8 години во училиштето, та сега ќе
прашувате и безобразно коментирате за временски рамки?
Да бидеме искрени, не ви пречат градежните работи, туку ви пречат инвестициите. Не
ви пречат реконструкциите, туку ви пречи тоа што некој работи и остава резултати што
граѓаните можат да ги видат со свои очи.
За разлика од вас, ние не бегаме од одговорност. Одговорност е проблемот да го
решиш. Неодговорност е да го користиш за политичка пропаганда.
Граѓаните одамна ја препознаваат оваа матрица: кога немаат проекти, зборуваат за
туѓите. Кога немаат резултати, прават плакати. Кога немаат визија, шират паника.
Ние ќе продолжиме да градиме, да реконструираме и да инвестираме во образованието.
А вие продолжете со креирање мизерни фотографии и лажни соопштенија.
На крајот, граѓаните секогаш прават разлика меѓу оние што работат и оние што само
коментираат.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

















