Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими Висока делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава.
На средбата двете страни разменија мислења за зајакнување на соработката меѓу институциите, универзитетите и бизнисите од двете земји , со посебен фокус на иновации, претприемништво и технолошки развој.
Градоначалникот Пецаков ги информира гостите за работењето на ХАБ центарот и младинскиот центар сместени во просториите на некогашната касарна во Охрид. Беше посочено дек ХАБ Центарот поттикнува локален економски развој нудејќи им на младите бесплатно користење простор, менторски програми и менторство за изработка на бизнис планови и дигитални вештини. Општината делува како мост меѓу ХАБ центарот, Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Локалниот бизнис сектор и граѓанските организации. Беше истакнато дека во иднина се планира отворање на младински културен центар во просториите на касарната.
Израелските гости ги презентираа активностите на ИНОВА и израелските искуства на тој план.
Градоначалникот им посака пријатен престој во Охрид, како главен туристички центар во државава кој заедно со Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО.
Делегацијата од Израел наредниве денови ќе оствари средба и со градоначалници од други градови во државава, а во земјава доаѓа во соработка со Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво.


















