Во Курајца на 14 септември ќе биде одбележан празникот Свети Симеон Столпник – Симеоновден, со пригодна верска и културно-забавна програма.
Одбележувањето ќе започне во 11:00 часот со света литургија, по што во 12:30 часот ќе биде организиран заеднички ручек.
Празничната програма ќе продолжи со музичка веселба на Курајчкото Сретсело, со настап на Ташко Каранфилоски и „Астра Бенд“.

Оваа година кум на празничната прослава е „Етно ресторан Дедо Димо“.
Свети Симеон Столпник е голем православен празник кој според јулијанскиот календар се одбележува на 14 септември. Со овој празник започнува Црковната Нова година, а во народната традиција Симеоновден е поврзан и со почетокот на есенската сеидба.
Празникот е проследен со бројни обичаи и верувања, кои се разликуваат во различни краишта, но имаат и многу заеднички елементи поврзани со почетокот на новиот земјоделски циклус.


















