Ми претставува особено задоволство да ја информирам јавноста дека за прв пат во нашата институција ЈЗУ “Св. Еразмо” Охрид тимот ортопедски хирурзи предводени од Проф. Др. Макридис изведува роботски навигирани операции на колено, поточно поставувување тотална протеза на колено, со што нашата институција влегува во пионерите на роботската хирургија во поле на ортопедијата во Р. Македонија. Со вакви достигнувања јавното здравство е во чекор со сите врвни стручни и технички достигнувања на мединската наука и се тоа во функција на унапредување на здравјето на пациентите, со огромна подршка на Владата и Министерство за здравство на Р. Македонија, напиша во својата објава др. Хари Шокароски.



















