АктуелноОхрид

Честитка на градоначалникот Пецаков за 8 -ми Септември

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до своите сограѓани по повод  8 Септември –  Денот на независноста на Р. Македонија.

– Денешниот ден е потсетник за историската одлука, храброста и визијата  на генерациите кои го трасираат патот кон слободна, суверена  и самостојна држава.

Овој голем празник го носи во себе заветот на нашите претходници, но и одговорноста што сите ние ја имаме кон идните поколенија. 

Независноста не е само историски чин, туку секојдневна обврска и градење подобро утре.   Затоа продолжуваме  посветено да работиме на создавање  подобри услови за живот  на сите нас, поддршка за младите, унапредување на образованието, културата и развој на сите   области  и потенцијали што ги поседуваат градов  и државава.

Само единствени, со заемна почит, верба во сопствените сили  и јасна визија, можеме да изградиме стабилна и просперитетна заедница.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на нашава татковина  – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.