АктуелноОхрид

Лице од Враништа и црногорски државјанин меѓусебно физички се пресметале во Струга

На 06.09.2026 во 20:40 часот, во близина на спортска сала во Струга, приведени се  лице на (26) од струшкото село Враништа и црногорскиот државјанин Б.Ч.(25), откако претходно го нарушиле јавниот ред и  мир со меѓусебна физичка пресметка.

 

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.