АктуелноОхрид

Одбележани 82 годишнина од формирањето на Шестата народноослободителна бригада и 33 годишнината од формирањето на Шестата пешадиска бригада на АРМ

Денеска, на пригодна свеченост во поранешната касарна во Охрид, беше одбележана 82 годишнина од формирањето на Шестата народноослободителна бригада и 33 годишнината од формирањето на Шестата пешадиска бригада на АРМ. Во името на организаторот-Здружение на ветераните од одбраната и безбедност од Охрид, пред построените припадници и почитувачи на шестата бригада, високи старешини на АРМ, поранешни војници од составот на Шестата пешадиска бригада на АРМ, претставници на СВР Охрид и други присутни гости, се обрати полковникот во пензија Добре Вељаноски, претседател на организацијата на ветераните од Охрид кој, заедно со полковникот во пензија Павле Момироски, тогашен заменик на првиот командант на охридскиот гарнизон, полковникот Јосип Хајба, се осврнаа на развојниот, борбениот и историски пат на шестата пешадиска бригада.
На пригодната свеченост, зборуваше и Ана Крстеска, заменик градоначалник на општина Охрид а пред бистата на народниот херој и прв командант на Главниот штаб на партизанките единици во антифашистичката и ослободителната војна, генералот Михајло Апостолски, свежо цвеќе положија делегации на општините Охрид и Дебрца, на АРМ, на сојузот на борци и ветерани од одбраната и безбедностаод Охрид, Струга, Дебар, Ресен, Битола.
Пред почетокот на свеченоста, заедничка делегација од членови од семејството на полковникот Јосип Хајба, првиот командант на единицата и ветерани – негови тогашни колеги старешини, положија цвеќе на неговото вечно почивалиште на градските гробишта во Охрид. Присутните гости во охридската поранешна касарна, имаа можност да ја разгледаат Спомен собата на Шестата пешадиска бригада на АРМ по што се одржа и пригодна музичка церемонија. За крај на свечената церемонија беше ручекот со неизбежното гравче.