АктуелноОхрид

Пецаков: Имав чест и задоволство да се сретнам со претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ

Имав чест и задоволство да се сретнам со претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ, за време на нашата посета на овој збратимен град, каде што се одигра ракометниот натпревар помеѓу РК Будванска ривијера и ГРК Охрид.
​Уште еднаш се покажа дека спортот е еден од најсилните мостови за поврзување. Ривалството и борбеноста остануваат на теренот, додека пријателството, меѓусебната почит и силните врски помеѓу Охрид и Будва продолжуваат да растат надвор од него.