АктуелноОхрид

ЈП „Охридски Комуналец“ со апел до граѓаните, отпадот од домаќинствата и дворовите да не го оставаат покрај контејнерите или на несоодветни места

Апелираме до граѓаните отпадот од домаќинствата и дворовите да не го оставаат покрај контејнерите или на несоодветни места. Во акциите за кабаст и зелен отпад предвидени според Календарот може да се одложи:
🛋️ Кабаст отпад:
стар мебел како маси, столови, шкафови, плакари, кревети и душеци, фотелји, гарнитури, како и други поголеми предмети од домаќинствата што не можат да се одложат во обичните садови за комунален отпад.
🌿 Зелен отпад:
искосена трева, лисја, суви и зелени гранки, растителен отпад од дворови и градини, како и други растителни остатоци од одржување на зелените површини.
🚫 Во овие акции не се оставаат: градежен шут, електронски и електричен отпад, автомобилски гуми, отпадни масла, опасен отпад и комунален отпад.
Зошто е важно правилно да го одложуваме кабастиот и зелениот отпад? 🌿🛋️
Затоа што местото на овој отпад не е покрај контејнерите, на улица или во природата.
✅ Со правилното одлагање спречуваме создавање диви депонии.
✅ Ги одржуваме улиците, дворовите и јавните површини чисти и безбедни.
✅ Го олеснуваме понатамошниот третман на отпадот.
✅ Го намалуваме мешањето на различни видови отпад и овозможуваме дел од него да се преработи или повторно искористи.
Не оставајте кабаст и зелен отпад каде што ќе ви биде најлесно. Искористете ги организираните акции за собирање.
Доколку имате потреба за одлагање на вашиот кабаст и/или зелен отпад порано од предвидената дата, ве молиме контактирајте не на ☎️ 075-397-944.
Отпадот е прашање што нѐ засега сите. Одлагај одговорно!