АктуелноОхрид

Охриѓанец фрлил пакување парихуана и се обидел да избега при преглед на ул. “Ѓорче Петров“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При преглед над него, извршен на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид, тој фрлил пакување со марихуана и се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода. Дрогата е пронајдена и одземена.