На пешачката патека во Студенчишта, покрај Охридското Езеро, поставено е ново атрактивно туристичко обележје – големо срце со натпис „I ❤️ OHRID“, наменето за фотографирање и создавање спомени од посетата на Охрид.

Тотемот е поставен на атрактивна локација покрај езерото и претставува уште една интересна точка за туристите и посетителите, кои во текот на летната сезона секојдневно го посетуваат Студенчишко Блато и крајбрежјето.
Идејата е едноставна, но ефектна – посетителите да застанат, да се фотографираат пред препознатливиот симбол и фотографиите да ги споделат на социјалните мрежи.

„I ❤️ OHRID“ така може да стане нова препознатлива фото-точка на охридското крајбрежје и своевидна туристичка разгледница од градот.
Со ваквите визуелни содржини Охрид добива уште еден модерен елемент во туристичката понуда, кој природно ги поврзува убавината на езерото, градот и современиот начин на промоција преку социјалните мрежи.

















