АктуелноОхрид

Струшката вода за пиење е безбедна и ги исполнува сите стандарди за употреба

Ве известуваме дека, врз основа на резултатите од анализите на примероците од водата од Општа Болница, Бензинска Макпетрол, Градинка Сонце, Завод за нефрологија, с.Заграчани и с.Ложани, е утврдено дека водата за пиење е со одличен квалитет, безбедна и ги исполнува сите пропишани стандарди за употреба.
Квалитетот на водата континуирано се следи согласно важечките стандарди и препораките на надлежните институции, со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување за сите граѓани.
Ви благодариме за разбирањето.
Со почит,
ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга